Конструкции со Геогебра 4 3.3. Сложување на синусни бранови 5.1. Параметри на линеарна равенка

Задача: Да се конструира полиномна функција, претставена со график. Целата слика да се извезе во Клипбордот на компјутерот и да се внесе во текстуален документ.

Ова е Java Applet креирано со користење на Геогебра од www.geogebra.org - изгледа немате инсталирано Java, ве молиме одете на www.java.com

Конструкција:

1. Се внесува кубниот полином f(x) = 0.5x3 + 2x2 + 0.2x - 1.

2. Се креираат корените R1, R2 и R3 на полиномот f (R = Корен[f]).

3. Се креираат екстремите Е1 и Е2 на полиномот f (E = Екстрем[f]).

4. Со алатката "Тангенти" се кликнува на функцијата f и на екстремите E1 и E2 за да се креираат тангентите.

5. Се креира превојна точка на полиномот f (I = ПревојнаТочка[f]).

Извозување на слика во Клипборд:

1. Со алатката "Поместување на површината за цртање" се поместува целата слика на левата страна за да може да се намали Геогебра прозорецот и сликата полесно да се експортира во Клипбордот на компјутерот.

2. Од менито "Датотека" се избира "Извоз" од каде се избира "Површина за цртање во Клипборд". Сликата се зачувува во Клипборд от на компјутерот.

Вметнување на слика во текстуален документ:

1. Се отвора нов текст документ.

2. Сликата се копира со Copy (Ctrl-C) и се вметнува со Paste (Ctrl-P) во текст документ.

3. Се прави десен клик на сликата и се избира Size. Од прозорцот Size се избира јазичето Size, од каде што може да се промени висината/ширината на сликата.