Конструкции со Геогебра 4 2.2. Конструкција на шестоаголник 2.4. Претставување на Теоремата на Талес

Задача: Да се конструира кружница опишана околу триаголник.

Ова е Java Applet креирано со користење на Геогебра од www.geogebra.org - изгледа немате инсталирано Java, ве молиме одете на www.java.com

Конструкција:

1. Се црта триаголник со алатката "Многуаголник", така што се поврзуваат точките А, B и C.

2. Се конструира симетрала на отсечка на секоја страна од триаголникот.

3. Се наоѓа пресекот на симетралите со алатката "Пресек на два објекти" за да се добие центарот на кружницата M опишана околу триаголникот.

4. Се конструира кружница со центар М која минува низ едно од темињата на триаголникот ABC.

5. Се прави тестирање на конструкцијата со влечење.