Конструкции со Геогебра 4 1.2. Констструкција на рамностран триаголник 2.2. Конструкција на шестоаголник

Задача: Да се конструира квадрат со страна а.

Ова е Java Applet креирано со користење на Геогебра од www.geogebra.org - изгледа немате инсталирано Java, ве молиме одете на www.java.com

Конструкција:

1. Се црта отсечка a помеѓу точките A и B.

2. Се наоѓа нормална права на отсечката AB која минува низ точката B.

3. Се конструира кружница со центар B која минува низ точката A.

4. Се наоѓа пресечната точка C на кружницата со нормалата.

5. Се наоѓа нормална права на отсечката AB која минува низ точката A.

6. Се конструира кружница со центар A која минува низ точката B.

7. Се наоѓа пресечната точка D на кружницата со нормалата.

8. Се исцртува квадратот ABCD.

9. Се прави тестирање на конструкцијата со влечење.