Конструкции со Геогебра 4 10.3. Визуелизација на собирање на цели броеви на бројна оска

Задача: Да се креира 'Tанграм' сложувалка.

Ова е Java Applet креирано со користење на Геогебра од www.geogebra.org - изгледа немате инсталирано Java, ве молиме одете на www.java.com

Конструкција:

1. Со алатката "Лизгач" се клика на површината за цртање и од прозорецот "Лизгач" се креираат лизгач а со интервал од 1 до 6 и чекор 1. Бројот а е основа за конструкција на сите геометриски фигури.

2. Се конструира отсечка со дадена должина а.

3. Се конструира полукружница одредена со точките A и B.

4. Се наоѓа средишна точка C на отсечката AB.

5. Со алатката "Нормала" се клика на отсечката АB и се креира нормала која минува низ точката D.

6. Се наоѓа пресечната точка D на полукружницата со нормалата.

7. Со алатката "Многуаголник" се исцртува триаголникот ABC со поврзување на темињата.

8. Се повторуваат чекорите од 2 до 7 за конструкција на триаголник.

9. Се конструира отсечка со дадена должина а/2.

10. Се конструира кружница со центар во точката I која минува низ точката Ј.

11. Со алатката "Нормала" се клика на отсечката IJ и се креира нормала која минува низ точката I.

12. Се наоѓа пресечната точка K на кружницата со нормалата.

13. Со алатката "Многуаголник" се исцртува триаголникот ABC со поврзување на темињата.

14. Се конструира отсечка со дадена должина а/2 и се повторуваат чекорите од 3 до 7 за конструкција на двата триаголника.

15. Се конструира отсечка со дадена должина а/3.

16. Со алатката "Правилен многуаголник" се кликнува на точките Т и U за да се исцрта квадрат.

17. Се конструира отсечка со дадена должина а/2.

18. Со алатката "Агол со дадена должина" се кликнува на точките Z и A1 и се креира агол од 45 во насока на стрелките на часовникот.

19. Се конструира полуправа која минува низ точките A1 и Z'.

20. Со алатката "Паралела" се кликнува на полуправата за да се конструира права која минува низ точката Z.

21. Се конструира кружница со радиус 2 со центар во точката A1.

22. Се наоѓа пресечната точка B1 на кружницата со полуправата.

23. Се наоѓа паралелна права на отсечката ZA1 која минува низ точката B1.

24. Се наоѓа пресечната точка C1 на двете прави.

25. Со алатката "Многуаголник" се исцртува четириаголникот Z A1B1C1 со поврзување на темињата.