Конструкции со Геогебра 4 10.2. Визуелизација на збир на агли во триаголник 10.4. Креирање на ‘Танграм’ сложувалка

Задача: Да се соберат цели броеви на визуелен начин.

Ова е Java Applet креирано со користење на Геогебра од www.geogebra.org - изгледа немате инсталирано Java, ве молиме одете на www.java.com

Конструкција:

1. Со алатката "Лизгач" се внесуваат лизгачите a и b клика на површината за цртање. Од прозорецот "Лизгач" се.

2. Со алатката "Лизгач" се клика на површината за цртање и од прозорецот "Лизгач" се креираат лизгачите а и b со интервал од -10 до 10 и чекор 1.

3. Се креираат точките A = (0, 1) и B = A + (a, 0).

4. Со алатката "Вектор меѓу две точки" се клика на точките A и B и се креира векторот.

5. Се креираат точките C = B + (0, 1) и D = C + (b, 0).

6. Со алатката "Вектор меѓу две точки" се клика на точките C и D и се креира векторот.

7. Се креира точката R = (x(D), 0). Точката R го прикажува резултатот од собирањето.

8. Се креира точка Z = (0, 0).

9. Се креираат отсечките AZ, BC и DR.

10. Се пресметува збирот на двата броја r = a + b.

11. За да се прикажат деловите од збирот на двата броја треба да се вметне динамичниот тескт чекор по чекор. Со алатката "Вметнување текст" се кликнува на површината за цртање. Во постоечкиот прозорец се внесува динамичен текст текст1: Се избира a од паѓачката листа "Објекти". Се внесува динамичен текст текст 2: +. Се внесува динамичен текст текст 3: се избира b од паѓачката листа "Објекти". Се внесува динамичен текст текст 4: =. Се внесува динамичен текст текст 5: Се избира r од паѓачката листа "Објекти".

12. Се клика со алатката "Поле за чекирање за прикажување/скривање објекти" на површината за цртање и се креира полето за чекирање за прикажување/сокривање на збирот на броевите. Во постоечкиот прозорец се внесува Наслов: Прикажи збир и од паѓачкото мени се избираат сите објекти чија видливост се контролира од страна на полето за чекирање текст5, точка R и отсечка е.