Конструкции со Геогебра 4 10.1. Односот на плоштините на квадрати 10.3. Визуелизација на собирање на цели броеви на бројна оска

Задача: Да се прсмета на визуелен начин збирот на аглите во триаголникот.

Ова е Java Applet креирано со користење на Геогебра од www.geogebra.org - изгледа немате инсталирано Java, ве молиме одете на www.java.com

Конструкција:

1. Со алатката "Многуаголник" се исцртува триаголникот ABC во насока спротивна од насоката на триаголникот.

2. Со алатката "Агол" се клика на триаголникот и се креираат аглите α, β, и γ.

3. Со алатката "Лизгач" се клика на површината за цртање и од прозорецот "Лизгач" се внесува аглите δ и ε со интервал од од 0˚ до 180˚ и чекор 10˚ се исцртува отсечката.

4. Со алатката "Средина" се креира средишна точка D на отсечката AC и средишна точка E на отсечката AB.

5. Со алатката "Ротација околу точката за даден агол" се клика на средишната точка D и од прозорецот се избира аголот δ поставен во насока на стрелките на часовникот.

6. Со алатката "Ротација околу точката за даден агол" се клика на средишната точка Е и од прозорецот се избира аголот ε поставен спротивно од насоката на стрелките на часовникот.

7. Со поместување на лизгачите δ и ε се ротираат триаголниците за агол од 180˚.

8. Со алатката "Агол" се клика на точките A’C’B’ и (C'1B'1A'1) за да се креираат аглите ζ и η.

9. Складните агли треба да имаат иста боја.

10. Со алатката Вметнување текст се кликнува на површината за цртање. Од прозорецот Вметнување текст се креира динамичен текст за внатрешните агли (α = и да се избере α од Објекти). На ист начин се креира и динамичен текст за останатите агли.

11.Збирот на аглите е zbir = α + β + γ . Се внесува динамичен текст за збирот.