Конструкции со Геогебра 4 9.4 Исражување на основните статистики со хистограм 10.2. Визуелизација на збир на агли во триаголник

Задача: Да се пресметаат плоштините на трите квадрати и да се направи споредба на нивните плоштини.

Ова е Java Applet креирано со користење на Геогебра од www.geogebra.org - изгледа немате инсталирано Java, ве молиме одете на www.java.com

Конструкција:

1. Се внесува лизгач за страната а со должина 2.

2. Се прави десен клик на лизгачот и се избира "Карактеристики". Од прозорецот "Карактеристики" се избира јазичето "Лизгач" и се поставува интервалот од 1 до 5 и чекорот на 1.

3. Со алатката "Отсечка со дадена должина од точка" се клика на површината за цртање и од прозорецот "Отсечка со дадена должина од точка" се внесува должината на страната а и се исцртува отсечката.

4. Со алатката "Правилен многуагилник" се клика на точките А и B за да се конструира првиот квадрат. Бојата на првиот квадрат ќе биде сина.

5. На ист начин се конструира црвен квадрат со должина на страна a/2 и зелен квадрат со должина на страна 2a.

6. Плоштината на синиот квадрат е P1=a^2.

7. Плоштината на црвениот квадрат е P2=(а/2)^2.

8. Плоштината на зелениот квадрат е P3=(2а)^2 .

9. Плоштината на синиот квадрат P1 e четири пати поголема од плоштината на црвениот квадрат P2.

10. Плоштината на синиот квадрат P1 e четири пати помала од плоштината на зелениот квадрат P3.

11. Плоштината на црвениот квадрат P2 e шеснаесет пати помала од плоштината на зелениот квадрат P3.