Дома > Конструкции со Геогебра -> #7 Конструкција на правоаголник со зададени една страна и дијагона -> Помош

Конструкција на правоаголникот
Направи го даденото - Цртање на зададените елементи .
Lizgac.JPG
Внеси го првиот лизгач со кликнување на површината за цртање, именувај го а, и задај му интервал од 0 до 10 и чекор 0.1.
Внеси го вториот лизгач со кликнување на површината за цртање, именувај го d, и задај му интервал од 0 до 10 и чекор 0.1
Број a

Број d
Лабела: Користи десен-клик за да ги направиш лизгачите: a црвен, d синa.
OtseckaDadenaDolzina.JPG
Kликни на површината за цртање за да ја дефинираш првата точка на отсечката b, чија должина е еднаква на вредноста на лизгачот a (во полето должина внеси a).
Кликни на површината за цртање за да ја дефинираш првата точка на отсечката c, чија должина е еднаква на вредноста на лизгачот d (во полето должина внеси b).
b=Отсечка[А,B]

c=Отсечка[C,D]
Напомена: Подеси ги должините на отсечките со подесување на вредностите на лизгачите.

Одликување: Користи десен клик за да ги преименуваш отсечките b -> a1 и c -> d1 и точките А -> A1, B -> B1, C -> C1, D -> D1.
Направи десен клик, избери "Карактеристики" во јазичето Основно додај им наслови a и d, и селектирај го (означи го) „Прикажи го името“: Наслов.

Во јазичето Боја избери ги следните бои за отсечките: a црвена d сина. Направи десен клик, избери "Карактеристики" и во јазичето Основно фиксирај ги лизгачите a и d, и точките А1, B1, C1, и D1.
Конструкција на правоаголникот - Конструкција на страната а.
Poluprava.JPG
Kликни двапати на површината за цртање, за да нацрташ полуправа.
Точка A
Точка B

b=Полуправа[A,B]
Лабела: Користи десен клик за да ја преименуваш полуправата b -> p.
Одликување: Десен клик врз втората точка што ја дефинира полуправата (точка B), па деселектирај го Прикажи го објектот, за да ја сокриеш точката (точката не е избришана, само не е видлива).
Shestar.JPG
Нацртај кружница со радиус еднаков на должината на отсечката a и центар во точката A со кликнување на точките A1, B1 и A.
Кружница b = Кружница[A, Отсечка[A1, B1]]
Одликување: Десен клик врз кружницата избери "Карактеристики" јазиче Боја избери црвена, jазиче Изглед (Облик):вид на линија=испрекината.
Presek.JPG
Нацртај точка C со кликнување на пресечната точка помеѓу кружницата b и полуправата p.
C=Пресек[b, p]
Лабела: Користи десен клик за да ја преименуваш точката C -> B.
Конструкција на правоаголникот - Конструкција на дијагоналата d
Normala.jpg
Нацртај нормала на полуправата p која минува низ точката B, со кликање на полуправата p и точката B.
b=Права[B,p]
Лабела: Користи десен клик за да ја преименуваш правата b -> n.
Shestar.JPG
Нацртај кружница со радиус еднаков на должината на отсечката d и центар во точката A со кликнување на точките C1, D1 и A.
Кружница e = Кружница[A, Отсечка[C1, D1]]
Одликување: Десен клик врз кружницата избери "Карактеристики" јазиче Боја избери сина, jазиче Изглед (Облик):вид на линија=испрекината.
Presek.JPG
Нацртај точкa во пресекот на правата n и кружницата e.
C=Пресек[d, n]
Paralela.jpg
Нацртај права паралелна на правата n која минува низ точката A со кликнување на правата n и точката A.
f=Права[A,n]
Лабела: Користи десен клик за да ја преименуваш правата f -> m.
Paralela.jpg
Нацртај права паралелна на полуправата p која минува низ точката C со кликнување на полуправата p и точката C.
f=Права[C,p]
Лабела: Користи десен клик за да ја преименуваш правата f -> q.
Presek.JPG
Нацртај точкa во пресекот на правите q и m.
D=Пресек[q, m]
Mnoguagolnik.JPG
Нацртај го правоаголникот со кликнување на точките A, B, C, D и А.
Четириаголник: Многуаголник 1

a3=Отсечка[A,B]
b1=Отсечка[B,C]
c1=Отсечка[C,D]
d2=Отсечка[D,A]
Одликување:
Десен клик на отсечката a3 деселекторај го Прикажи го името. Истото повтори го и за отсечките b1, c1 и d2.
Десен клик на отсечката a3 избери "Карактеристики" јазиче Боја црвена, јазиче за Изглед (Облик): дебелина на линијата=3, јазиче Основно дадај и наслов a и селектирај го (означи го) Прикажи го името: Наслов.
Десен клик на отсечката b2 избери "Карактеристики" јазиче Боја сина, јазиче за Изглед (Облик): дебелина на линијата=3, јазиче Основно дадај и наслов b и селектирај го (означи го) Прикажи го името: Наслов.
Проверка на конструкцијата.
Pomestuvanje.JPG
Кликни и влечи ги лизгачите, за да ги промениш страните на правоаголникот ABCD.
Сними ја конструкцијата: Датотека -> Сними.
Дома > Конструкции со Геогебра -> #7 Конструкција на правоаголник со зададени една страна и дијагона -> Помош