Дома > Што е Геогебра?

Програмата Геогебра е математички софтвер кој ги поврзува геометријата, алгебрата и анализата. Создадена е од Markus Hohenwarter за примена во наставата по математика во училиштата.


Повеќе претстави за математичките објекти

Програмата Геогебра дава три различни начини за прикажување на математичките објекти: Графички приказ, нумеричко Алгебарски приказ и Табеларен приказ.
Тие овозможуваат прикажување на математичките објекти на три начина: графички (пример: точки, графици на функции и др.), алгебарски (координатни точки, равенки и др.) и со табеларни ќелии. Со тоа, сите прикажувања на истиот објект се динамички поврзани и автоматски ги приспособуваат промените на сите презентации без разлика на кој начин биле креирани.

Графички приказ

Користејќи ги алатките за конструирање од лентата за алатки, можат да се прават геометриски конструкции во Графичкиот приказ со глувчето. Доколку одбереме било која алатка од лентата за алатки и ја прочитаме помошта (веднаш до лентата) со цел да се научи како да се користи саканата алатка. Секој објект што ќе се креира со Графичкиот приказ има и своја алгебарска презентација.
По активирање на алатката Поместување, може да се преместуваат објектите во Графичкиот приказ со влечење со глувчето. Истовремено, нивното преместување автоматски се зачувува во Алгебарскиот приказ.
Секоја икона во Лентата со алатки си има своја кутија, во која се наоѓаат слични алатки за конструирање. За отворање на таква кутија треба да се кликне на мала стрелка во десниот долен агол на одбраната икона.
Наговестување: Алатките за конструирање се подредени од нивното произлегување едни од други. Треба да се најдат алатки што создаваат различни типови на точки во Алатката за точки.

Алгебарски приказ

Користејќи ја Лентата за внесување директно може да се внесуваат алгебарски изрази во Геогебра. Со притискање на копчето Ентер внесениот алгебарски израз се појавува во алгебарскиот приказ, додека пак Графички израз автоматски е прикажан во Графичкиот Приказ.
Пример: изразот: f(x) = x^2 ја дава алгебарската функција за f со Алгебарски прикази неговата графичка функција со Графички приказ.
Во алгебарскиот приказ, математичките објекти се дефинирани како независни и зависни објекти. Ако се креира нов објект без да ги користиш некои од внесените објекти, тој е независен објект. Ако се креира нов објект, но се искористи некој од веќе внесените објекти, тој објект е зависен од другите.
Геогебра исто така нуди голем број на наредби што можат да се внесат преку Полето за внесување. Со кликнување на опцијата “Наредба“ што се наоѓа на десниот агол од Полето за внесување (Внеси) се отвора листа на тие наредби. Откако ќе се одбере сакана наредба од листата или чие име може да се напише во лентата за внесување, со притискање на F1- копчето се добива информација за синтаксите и дискусиите во врска со одбраната наредба.

Табеларен приказ

Во Табеларниот приказ во Геогебра секоја ќелија има свое име што овозможува директно да се именува саканата ќелија.
На пример: ќелијата од првата колона А и првиот ред 1 има свое име А1.
Забелешка: Имињата кои ги имаат ќелиите може да се искористат за наредби и изрази со цел да се именува содржината во одбраната ќелија.
Во ќелиите од Табеларниот приказ може да се внесуваат не само броеви туку и секој вид на математички објекти што Геогебра ги подржува (пример: функции, наредби, координати на точки итн.). Ако е можно, Геогебра веднаш ќе ги прикаже графички внесените објекти во табелата со Графички приказ. Според тоа името на објектот се совпаѓа со неговото внесено име во табелата користено за негово создавање.
Забелешка: Табеларните објекти се помошни објекти во Алгебарскиот приказ. Овие помошни објекти може да се прикажат или сокријат со опцијата за помошни објекти во Поглед менито.